„Медената ноќ“ на заменик министерот


Наслов:

Медена ноќ

Режија:
Иво Трајков

Сценарио:
Иво Трајков

Улоги:
Никола Ристановски, Верица Недеска, Александар Микиќ...

Времетраење:
90 мин.

Година на издавање:
2015-та



По пауза од 4 години, поточно од Pariser Platz – Berlin, Иво Трајков се врати во Македонија. Со филм се разбира. Најновото дело е Медена ноќ. Филмот не само што ја имаше честа да го отвори Скопскиот филмски фестивал, туку и го спои со Никола Ристановски.

Ристановски во Медена ноќ е Никола. Македонски заменик министер од почетокот на 90-те, кој со сопругата Ана  (Верица Недевска) на 17-ти ноември (годишната од бракот) се враќаат дома од бизнис/политички настан во Македонската опера и балет. Таа е поднапиена, а тој загрижен. На забавата го инфирмираа дека дел од неговите колеги веќе се упасени за нелегална приватизација на фирма, и тој мисли дека е следниот на пат до затворот. Дома почнува да бара досиеа кои би можеле да го поврзат со скандалот, а тие што може да ги пронајде ќе ги изгори во WC шољата. Но, ноќта ќе се покаже како екстремно долга за овој брачен пар, а утрото потоа изненадувачко.



Култната серија Third Rock From The Sun имаше една одлична сцена во една од епизодите. „Фамилијата“ Соломон за прв пат по доаѓањето на Земјата ја откри лагата во таа епизода. На крајот од епизодата сите ликови се собрани на терасата, а Дик Соломон доаѓа до страшна реализација и гласно вели: „Боже мој! А што ако за ова (лагата) дознаат политичарите?“. Во Медена ноќ, политичарот Никола не само што ја откри и лагата, туку и паранојата, а за момент и совеста, срамот од потенцијалниот јавен скандал, од затворска казна со претпоставка на вината од неговите постапки... Медена ноќ во под-темата е и приказна за еден дисфункционален брак налик на тој од Who’s Afraid Of Virginia Wolf, но со доза на македонска реалност. Фасцинантно е колку Трајков успеал со два ликови во 80% од филмот да претстави возбудлива драма која иако е сместена во 90-те всушност е безвременска и се отсликува и во реалноста на денешницата.

Хуморот во сценариото доаѓа примарно од ликот на Ана, а во краток момент и од пијаниот Симо Прч (маестралниот Александар Микиќ). Ана (Недевска) со алкохолизмот и персоната на незаинтересирана трофеј сопруга на почетокот, со одминувањето на дејствието ќе ја покаже лојалноста, љубовта кон сопругот, а и изненадувачки цврстината за која не знаевте дека ја поседува. Ана е тигарот во куќата, но тоа го сфаќате на крајот. Недеска е навистина одлична во улогата на Ана, но Ристановски е повторно тој кој воодушевува. Пасивен полтрон лесен за манипулирање и заплашување во политичката елита. Тој е олицетворение на секој политичар. Обрнете внимание на глумата од Ристановски во моментите кога тој преминува во се подлабока параноја, во сопствениот дом. Неговите манеризми се смирени на почетокот, но подоцна како што почнува да губи контрола врз ситуацијата, го губи и тлото под земјата, а таа прогресија е маестрално прикажана од Никола. 



Трајков во сценариото се обидел со флеш бек сцени да ни ги поврзе деловите од сложувалката за потенцијалниот скандал кој го плаши Никола, а паранојата од реперкусиите со рачната камера во домот. Не успеал секогаш во намерата, бидејќи недостасуваат неколку делчиња, но ја сфаќаме намерата. Можеби филмот има преголема употреба на рачна камера (и во сцените во домот се забележува премногу), но претпоставувам дека самиот сет го барал тоа. Трајков во сценариото не навлегува во детали за самиот потенцијален скандал (покрај името на фирмата во прашање не ни е објаснето друго), ниту за другите инволвирани во него, што остава дупки во сценариото, но ако размислиме деталите не се ниту важни. Нашата имагинација ги пополнува тие дупки, а во задржувањето на мистеријата помага и црно-белиот стил на снимање на тие сцени. Да им се одземе бојата на флеш бек сцените има и симболично значење. Со бојата е одземена и чесноста, совеста на личноста, а внесен е стравот како примарна емоција, не само во ликовите туку од нив во нас гледачите.



Но мислам дека Трајков се до последните 5 минути од Медена ноќ ни прикажа „идеализирана верзија“ на тоа што треба еден политичар да има во себе. Страв од постапките, грижа на совест, човечност, страв од политичко и социјално самоубиство, разочарувањето на народот кој го избрал на таа позиција. Политичарот во Македонија е во последните 5 минути од Медена ноќ. Политичарот во првите 85 минути од Медена ноќ не постои сега во Македонија. Тој нема страв од ништо. Стравот е само на филм. Дури и македонски филм.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...