Black Mass: Не се задевајте со криминалецот Џони

Оваа недела фановите на Џони Деп добија можност да го видат во два нови проекти. Едниот закажан за оваа година, а другиот за 2017-та. Само неколку дена по објавувањето на првата фотографија од снимањето на Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales ( со премиера во 2017-та година), пристигнаа и првите официјални фотографии од најновиот проект на Џони Деп.



Black Mass е филмот кој фановите на Џони треба да го очекуваат оваа година, а првиот трејлер за биографската крими драма се очекува дека ќе биде филмот кој ќе му ја поврати репутацијата на Џони како успешен актер во Холивуд. Тој е веќе неколку години без финансиски и критички успех, па затоа филмското студио се надева дека Black Mass ќе биде филмот кој ќе ја направи таа промена.



Џони во биографскиот филм ќе биде Џејмс „Вајти“ Булгер криминалец кој беше уапсен по долги години бегство од полицијата, а во 2013-та година му беа изречени дури 2 доживотни затворски казни за 19 убиства, рекетарство, трговија на дрога сторени во почетокот на 70-те до 90-те години на 20-от век. Филмот е адаптација на книгата Black Mass: The True Story of an Unholy Alliance Between the FBI and the Irish Mob од новинарите Дик Лер и Џералд О’Нил.



Булгер Булгер денес е жив, на возраст од 85 години и е затвореник со број 458 во затворот во Тусон, Аризона. Покрај Бенедикт Кампбербач во улогата на Бил Булгер, братот на Џејм ќе имаме можност да ги видиме Дакота Џонсон, ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон, ќе ја портретира Линдзи, девојката на Џејмс Булгер и мајка на неговиот син. Во останатите улоги ќе се појават и Сиена Милер, Џуно Темпл, Адам Скот, Џеси Плимонс, Питер Скарсгард, Кевин Бејкон и Кори Строл.



Режијата на Black Mass му беше доверена на Скот Купер, а премиерата на Black Mass е закажана за 18-ти септември оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...