Да скандализираш е право-да бидеш скандализиран е задоволство

Наслов:
Pasolini

Режија:
Абел Ферара

Сценарио:
Абел Ферара

Улоги:
Вилем Дефо, Марија де Медеирос, Рикардо Скамаркио...

Жанр:
драма

Времетраење:
90 мин.


Лаура Бети (Марија де Медеирос) во една од сцените на Pasolini, пристигнува во домот кај Пјер Паоло Пазолини (Вилем Дефо). Посетата е за време на семејниот ручек и веднаш се фали дека се вратила од Загреб, т.е. од „комунистичка Југославија“ како што Бети ја нарекува екс СФРЈ.  Таа веднаш дели подароци кои ги купила од „комунистите“. Подарокот за Пазолини е плоча со „традиционална хрватска музика“, и кога тој ја стави на грамофонот, публиката во кино Милениум, наместо Оливер Драгоевиќ ја слушна „Како што е таа чаша“ испеана од Васка Илиева.



Очекувано во целата сала одекна смеење од публиката, но таа сцена го опиша тонот и духот на самиот филм, а покажа и дека колку и да сака да се нарече биографски филм, Pasolini не успева во тоа. Најголемиот виновник за тоа е Абел Ферара и претенциозната намера да го прикаже животот на Пазолини како обзервација (и негова интерпретација), а не како филм за животот и делото на еден уметник поткрепен со факти.

Ферара во Pasolini ни ги прикажал и последните неколку денови од животот на Пазолини од враќањето од Стокхолм се до неговата брутална и предвремена смрт на плажата во Рим. Уште во првата сцена го гледаме Пазолини како работи на пост-продукцијата на Salò, or the 120 Days of Sodom, неговиот последен и најконтроверзен филм. Но, ако од неговите дела (филмски или литературни) има недостиг во филмот, неговите убедувања, идеи и залагања ги има во изобилие. Наметнати од самиот Пазолини во најголемиот дел, а во одредени сцени дури и во нарација. Од делата Ферара успеал покрај Salo, да вметне и писмото испратено до Алберто Моравија заедно со манускриптот на Petroleum како и драматизација на Porno-Teo-Kolossal недовршеното дело на самиот Пазолини, со еден од неговите „музи“ Нинето Даволи.



Pasolini е авангарден омаж на Пјер Паоло. Ферара ни го претстави војерскиот, промискуитетен приватен живот на Пазолини надвор од домот и контрастот на домашната топла атмосфера која тој ја дели со сопствената мајка Сузана (Андријана Асти). Вилем Дефо е навистина одличен во перформансот на Пазолини, и покрај тоа што не може да се пофали премногу со ефикасноста во совладувањето на италијанскиот јазик, а ниту на италијанскиот акцент. Да тој зборува италијански во дел од филмот, но перформансот на Дефо повеќе може да го препознаете во тивките моменти без дијалог.



Всушност филмот е повеќе студија на неговиот карактер отколку на неговиот живот, ако се соголи филмот до гола кожа. Ферара ни прикажува еден свој анти-херој. Човек кој е маргинализиран и осудуван од јавноста. Човек кој сака да шокира и да оди спроти брановите. Можеби Ферара ќе успеал повеќе во намерата да не го одбрал претенциозниот стил на раскажување на приказната за Пазолини, која  очигледно дека сакал да ја раскаже. Восхитот на режисерот кон Пазолини е евидентен. Намерата е чесна, но егзикуцијата е погрешна. Тоа е човек кој кажа „Да скандализираш е право-да бидеш скандализиран е задоволство. А тие што одбиваат се моралисти“. Пазолини сега не го прави ниту тоа ниту тоа. Дали Ферара го направил индиректен моралист?

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...