Луѓето се чудни: Мислат дека редот и хаосот се спротивни

Наслов:
Avengers: Age Of Ultron

Режија/Сценарио: Џос Ведон

Улоги:
Џејмс Спејдер, Скарлет Јохансон, Џереми Ренер, Роберт Дауни Џуниор, Марк Рафало, Елизабет Олсен, Пол Бетани, Арон Тејлор Џонсон...

Времетраење: 141 мин.

Жанр:
акција

Година на издавање:
2015-та



Џос Ведон по пауза од 3 години повторно ги собра „одмазниците“ на купче и уште во првите сцени на Avengers: Age Of Ultron ги испрати во Соковија (фиктивна држава во источна Европа). Фракција на HYDRA таму прави експерименти врз луѓе со септерот на Локи, а дел од тие експерименти се и Пјетро и Ванда Максимоф (Арон Тејлор Џонсон и Елизабет Олсен). Близнаци/сираци кои сега се „тајното оружје“ на Баронот вон Стракер (Томас Крчеман), или како што ги опиша Марија Хил (Коби Смултерс) „Тој е брз, а таа е чудна“.



Но, Тони Старк (Роберт Дауни Јуниор) во септерот во Соковија ќе пронајде вештачка интелегенција и заедно со Брус Банер (Марк Рафало) ќе го создаде Ултрон (Џејмс Спејдер). Одбранбена програма која треба да донесе глобален мир, но која откако ќе добие облик, ќе добие и своја агенда. Комплетно спротивна од замислата на Тони, со закана дека ќе донесе крај на човештвото како што го знаеме. За среќа „одмазниците“ ќе добијат помош кога најмалку се надеваат.



Џос се збогува со Avengers франшизата со сентиментална и мегаломанска нота истовремено. Има од сè по нешто во Age Of Ultron, а можеби најмногу од сè препознатливиот хумор на Џос. Интелегентен и кога најмалку  очекувате, тој е брилијантен како и секогаш. Хуморот доаѓа од речиси сите ликови, но најмногу од Тони, Капетанот и Тор. Ликовите кои веќе имаа соло филмови надвор од Avengers, но сега нештата се променети кај речиси сите. Да започнеме со веќе познатите, па ќе преминеме на „новајлиите“ во Avengers. Сега Џос ни ја прикажал и интимната, емотивната страна на супер-хероите, но и нивните темни стравови, трауми од минатото. Што прават супер-хероите кога не ја спасуваат планетата? Па специфично за Клинт Бартон/Hawkeye на пример (Џереми Ренер) откривме дека е семеен човек  кој живее на фарма.



Необичен избор за „background“ историјат на Hawkeye, но Ренер е маестрален во улогата, па речиси и може да се толерира неговата „семејна идила“. Можеби понеобичен избор на развој на под-сторијата е љубовната врска на Наташа (Скарлет Јохансон) и Брус Бенер (брилијантниот Марк Рафало). Но барем гледаме дека Џос ризикувал во Age Of Ultron, без разлика на грешките. Не играл безбедно во сценариото и речиси треба да му се пружи рака за тоа. Арката меѓу потенцијалниот пар Брус/Наташа, стерилитетот на Black Widow и нејзината грижа на совест поради тоа. Џос многу се расплинил, да тоа е точно. Секој од сега „одмазниците“ е гонет од минатото и секој од нив сака да ги склопи деловите од скршената психа. И така доаѓаме до новајлите. Во големата традиција на кариерата на Џос, тој и тука докажува дека сака да си ги убива ликовите, па и Age Of Ultron нема да биде исклучок, но обрнете внимание на двата „производи“ на Тони Старк. The Vision (Пол Бетани) се појавува во последните 40-на минути, нo Џос му дал мудрост и разбирање на човековата раса, без разлика што како што вели и самиот „беше роден вчера“. Само погледнете го дијалогот со Ултрон кон крајот:

-Луѓето се чудни. Мислат дека редот и хаосот се спротивности. Но, има грациозност во нивната верба. Мислам дека го пропушти тоа, му вели Vision на Ultron.



Ванда Максимоф (Елизабет Олсен) e одличен додаток во предоминантно машката екипа на Avengers и по „трнливиот“ и несигурен почеток, таа ќе се покаже како достојна поддршка на тимот. Но, ако некој е апсолутно маестрален тоа е Џејмс Спејдер. Не Ултрон, Спејдер. За разлика од првиот дел кога Локи беше портретиран од вистински актер (Том Хиделстоун) пред камерата, сега Ултрон е CGI и во најголемиот дел Спејдер се обидува да компензира во перформансот со гласот. И успева бидејќи талентот на Џејмс е неизмерен, но не му е дадено премногу за работа во конфузното сценариото. Сега сака да го види изумирањето на човештвото и намерите се поткрепени со негови идеологи, но тие се нерамномерни и конфузни во мотивите. Има и речиси Франкеншјанско во неговата креација, а и доза на „Господ комплекс“ во карактерот на Ултрон.



Ведон, Age Of Ultron го направил темен во атмосферата и визуелниот приказ (особено во сцените во Соковија), а сега е евидентна и употребата на успорени снимки (особено во акционите сцени). Намерата на Џос да го направи подобар од претходникот била евидентна, но креативноста на Џос имала погрешно свртување некаде во неговиот мозок. Тој сега создал забавен блокбастер од 140 минути во кој ќе уживате како мало дете. Не го обвинувам. Претпоставувам има простор во мозокот на Џос и за многу повеќе, но производот е мегаломанско дело, кое се надевам дека браќата Русо ќе го смират во тонот во Avengers: Infinity War Part I.

С. Лазаревска

Avengers- Age Of Ultron можете да го погледнете во Cineplexx кино салите:

 

четврток: 15:00, 16:00, 16:40, 17:30, 19:00, 20:00, 20:15, 22:00, 22:40, 23:00

петок-недела: 13:00, 14:00, 16:00, 17:10, 19:00, 20:00, 22:00, 22:40

понеделник-среда: 16:00, 17:10, 19:00, 20:00, 22:00, 22:40

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...