Сите мајки се исти



Наслов:
Ride

Режија:
Хелен Хант

Сценарио:
Хелен Хант

Улоги:
Хелен Хант, Брентон Твејтис, Лук Вилсон, Роберт Кнепер, Дејвид Зајас...

Времетраење:
93 мин.





Кариерата на Хелен Хант имаше неколку „животи“ до сега. Своето „место под сонцето“ во Холивуд го најде со серијата Mad About You, која не само што и донесе слава, туку и еден куп награди. Следеше Оскарот за најдобра главна женска улога за култниот As Good as It Gets, а новиот милениум го одбележа со емоционални драми и режисерски обиди. Ride е вториот таков обид во играните долгометражни филмови по Then She Found Me.



Во Ride, филмот кој не само што го режираше, туку и напиша Хелен е Џеки. Лектор во магазин, која живее во Њујорк со синот Анџело (Брентон Телвис). Тој е иден студент со аспирации да стане писател, а таа контролирачка, директна и премногу критички настроена мајка. Анџело пред да почне со факултет ќе замине на одмор во сончевиот Лос Анџелес кај неговиот татко (Роберт Кнепнер) и неговото „ново семејство“. Сепак, Џеки ќе дознае дека одморот на синот се продолжил за неограничено време, бидејќи  се отпишал од факултетот и планира да остане во Калифорнија за да суфра, ужива и да чека инспирација. На Џеки нема тоа да и се допадне и ќе го фати првиот авион за Л.А. за да го вразуми но ќе биде потешко од што очекуваше.



Ride е медиокритетен следбеник на Then She Found Me. Респектабилен и визуелно сигурен во најголемиот дел на техничката егзекуција на режијата, но разочарувачки во сценариото. Хант која е и соло сценарист на Ride, го започнала филмот на информативна нота. Уште во првата сцена ни е прикажан дел од нејзиниот презаштитнички карактер, и професионалната деформација на лектор да ги корегира соговорниците дури и во разговорите преку телефон. Но, како што расте синот го гледаме и нивниот однос и во дневната интеракција. Дома и во јавност. Дијалогот меѓу мајката и синот е брз, интелектуален и во духот на самиот лик, критички, но по заедничкото живеење, Анџело научил како да возвраќа со иста мера.

Но, грешката на Хант во сценариото не е евидентна во првите 15 минути. По нив е премногу јасна, бидејќи развојот на ликовите престанува кога таа ќе пристигне во Калифорнија, а гледаме и многу клише во нивните карактери. Односот меѓу мајката и синот започнува одлично. Ја гледаме прогресијата, ја сфаќаме нивната рутина, ги препознаваме нивните доблести и маани. Но, подоцна таа конекција се намалува, и фокусот на Џеки е свртен повеќе на часовите по сурфање кои ги добива од инструкторот Ијан (Лук Вилсон). Самите сцени со траги-комичните обиди во океанот за Џеки може да се протолкуваат и како вид на објаснување на нејзиниот карактер. Метафора за нејзиниот успех, за надминување на падовите и враќање повторно на нозе, за упорноста која сака да ја пренесе на синот.



Од споредните ликови во Ride се издвојува Рамон (Дејвид Зејас), возачот на Џеки, со deadpan перформансот и Лук Вилсон во улогата на Ијан повеќе со шармот и харизмата отколку со талентот за глума. Но, во перформансите Хелен е таа која го „вози филмот“. Во филм кој гравитира меѓу драмата и комедијата, таа одлично ја прави транзицијата меѓу двата жанрови и во глумата. Но, за жал последната третина од филмот не фигурира во ниту еден од нив. Тој повеќе е разводенета мелодрама со предвидлив и слаб финиш и покрај тоа што во тој дел ни е прикажано подобрувањето на самото сурфање на Џеки.



И покрај помалку разочарувачкиот производ од Хелен Хант, во делови од премисата и ликовите на Ride, може да пронајдете моменти на искреност. Во сржта на Џеки е секоја мајка која само го сака најдоброто за децата, дури и ако ненамерно нејзината љубов се претвора во задушување и контролирање.  Во сржта Анџело е секој 18-годишник. Без цели, планови за иднината и страв од непознатото кое го носи светот на возрасните. Во Џеки си ја препознав мојата мајка...но претпоставувам... да сите мајки се исти...

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...