Славни и сиромашни: Холивудски ѕвезди со мали хонорари

Тие ги прифаќаат слабо платените улоги во одлични филмови кои повторно им ја стартуваат кариерата.

Холивуд е асоцијација на богатство, големи вили, јахти и скапа облека со потписи од најпознатите дизајнери. Сепак, многу од вашите омилени актери земале неверојатно мали хонорари во своите кариери, дури и за филмови кои потоа станале големи хитови. Еве неколку актери за кои ќе се изненадите колку малку заработиле.

1. Опра Винфри

Кога ќе помислите на богатите и познатите, една од првите која ни доаѓа на памет е Опра Винфри. Меѓутоа, нејзиниот прв хонорар за улога во филм бил само 35.000 долари. Тој филм бил „The Color Purple“ за кој доби Оскар. Очигледно, постојат работи кои парите и не можат да ги купат. Сепак, пред да стане „кралица на телевизијата“ со богатство од три милијарди долари, таа прифатила работа за многу помалку пари.

2. Џорџ Клуни

Долго време Клуни беше познат како многу талентиран актер пред кој е иднината. Тој внимателно ја градел својата кариера, бирајќи помеѓу улогите кои ќе му донесат многу пари и оние кои имате друштвен престиж и ефект. Па и хонорарите биле во склад со тоа. Така, тој за „Оsean’s Eleven“ добил тежок хонорар, додека филмот „Syriana“, за кој го напишал и сценариото, го режирал и ја играл главната улога и добил само 120.000 долари.

3. Џон Траволта

Тој за улогата во филмот „Pulp Fiction“ добил 50.000 долари. Ова е многу мала цифра за славен актер, кој инаку, за волја на вистината, и пред овој филм бил голема ѕвезда. Меѓутоа, во моментите кога Квентин Тарантино го избрал за улогата на Винсент Веге, Траволта бил скоро заборавен актер. Иако не заработил од овој филм, Тарантино му ја оживеал кариерата па за следниот филм бара и добил 20 милиони долари.

4. Метју Меконахи

Долго време Метју играше во филмови поради кои на негова сметка луѓето се зафркаваа, но и покрај тоа тој успеа да ги наговори продуцентите добро да го платат. Сепак, кога му понудиле да игра во филмот „Dallas Buyers Club“, тој прифатил да игра за хонорар од само 200.000 долари. Филмот беше снимен пред три години, истиот тој му донесе и Оскар, а и денес Метју ја „троши“ неговата слава.

5. Бил Мареј

Бил Мареј не го сака премногу Холивуд, нема свој агент и многу често одбива улоги во потенцијални блок бастери поради малата улога на уметност во нив. За улога во филм на Вес Андерсон тој добил хонорар од само 9.000 долари. Можеби Бил тоа го прави од љубов кон уметноста или едноставно веќе заработил доволно па сега себе може да си дозволи само уживање.

6. Мини Драјвер

Кога Мини доби понуда за улога во филмот „James Bond: Golden eye“ и хонорар од 5.000 долари живеела на една плажа во Уругвај без и еден долар во џепот. Во филмот се појавила на неколку минути за да ја отпее песната „Stand by Your Man“ и тоа со тежок руски акцент. Таа улога не и го промени животот, но за неколку минути доби добар хонорар. Плус може да се пофали и дека игра во еден филм за Џејмс Бонд.

7. Крис Еванс

Marvel обично не открива колкави се хонорарите на актерите, најчесто поради тоа што се многу мали. Се зборува дека Крис имал најмал хонорар од сите во The Avengers кога прв пат го играл Капетан Америка. За првиот филм добил само 300.000 долари. Меѓутоа, веќе за другиот дел хонорарот му бил многу блиску до останатите ѕвезди, нешто помеѓу два и три милиони долари.

8. Шон Астин

За улогата во филмот „Lord of the Rings“ добил само 250.000 долари. Сепак, кога филмот стана огромен хит на кино благајните, дел од екипата добила и екстра бонус. Пред тоа тој ги снимал гласовите за Нинџа желките и тие хонорари не се споменуваат.

9. Баркад Абди

Актерот кој беше ѕвезда во филмот „Captain Phillips“ одигра феноменална ролја со оглед дека тоа му беше и прва улога во животот. Но, филмот не го збогати. Напротив, актерот роден во Сомалија заработи само од 65 илјади долари за филм во кој играше покрај Тон Хенкс.

10. Спенсер Лејси Гејнс

Таа позајмуваше глас во хитови од типот на „Ice Age“ и „Frozen“, а во вториот филм беше платена само 926 долари по ден од снимање. Можеби обој износ звучи како идеален за луѓе кои не се селебрити, но знаејќи колку пари заработиле овие филмски хитови, јасно е дека на „гласовите“ се штедело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...