Стив Џобс повторно на филмското платно

Одлична вест за сите фанови на Мајкл Фасбендер. Првиот тизер трејлер за биографскиот филм на режисерот Дени Бојл посветен на животот и кариерата на Стив Џобс конечно е објавен.


Во улогата на Стив Џобс, ко-основачот на Apple фановите имаат можност да го видат Мајкл Фасбендер (кој моментално добива одлични критики во Кан за неговата улога во Macbeth), а од 1-минутниот трејлер може да се погледне самиот Фасбендер во препознатливата црна ролка која ја носеше Џобс.

Биографскиот филм на Дени Бојл, ќе се фокусира на животот и карерата на самиот Џобс од неговите почетоци, се до 1998-ма година со презентацијата на Imac компјутерот, тогашната последна иновација. Покрај Фасбендер, во останатите улоги ќе се појават и Сет Роген (како Стив Вознијак), Кејт Винслет (како Џоана Хофман), Џеф Даниелс (како Џон Скали) и Кетрин Ватерстон (како Крисиан Бренан, девојката на Стив).

Сценарист на Steve Jobs e Арон Соркин, оскаровецот кој претходно ги напиша The Social Network, Charlie Wilson's War, Moneyball, а од последните ТВ проекти ја креираше серијата The Newsroom. Последниот филмски проект на режисерот Дени Бојл пак беше Trance од 2013-та година со Џејмс Мекавој во главната улога.

Премиерата на Steve Jobs се очекува на 9-ти октомври, а веќе се смета за еден од потенцијалните фаворити во сезоната на награди.

Додека ја очекуваме премиерата, погледнете го првиот тизер за Steve Jobs.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...