Зек Ефрон ќе има возбудливо лето. Можеби следната година ќе се дружи со двојниот оскаровец Роберт де Ниро во Dirty Grandpa, но ова лето дружбата ќе биде со Емили Рајтаковски. Младиот актер сега ќе биде DJ Cole во најновиот проект We Are Your Friends.
Ефрон во дебито на режисерот Макс Џосеф меѓу играните долгометражни филмови ќе биде Кол, млад надежен Ди-џеј кој ќе биде земен под закрилата на постариот и поискусен Ди-џеј Џејмс (Вес Бентли). Нештата за Кол ќе се искомпликуваат кога тој ќе се запознае и вљуби во Софи (Емили Ратајковски), девојката на Џејмс.
Покрај триото актери, во останатите улоги ќе ги видиме и Ванеса Ленгис, Џон Ебрахамс и Шајло Фернандез. Џозеф го напиша и сценариото за We Are Your Friends во соработка со Меган Опенхајмер, а премиерата фановите ќе може да ја очекуваат на 28-ми август оваа година.
Погледнете го првиот трејлер до тогаш.