Прекрасната Алисија: „Шведската сирена“ го освојува Холивуд

Алисија Викандер е актерката која треба да ја знаете. Шведска сирена која моментално добива одлични критики и медиумска експонираност благодарение на филмот Еx Machina, но успехот на 26-годишната актерка не дојде преку ноќ.



Шведската актерка беше добро позната на публиката не само во родната земја, туку и низ цела Скандинавија во изминатите 5 години, поточно од нејзното деби во играните филмови- филмот Pure.



Од тогаш таа не погледна назад, а по само 2 години од дебито беше дел од A Royal Affair, данската историска драма која беше номирана за Оскар во категоријата најдобар филм од не-англиско подрачје. Истата 2012-та одина, Алисија глумеше покрај Кира Најтли и Арон Тејлор Џонсон во последната адаптација на класиката Anna Karenina, филм во кој соработуваше за прв пат со Домна Глисон, нејзиниот колега и од Ex Machina.



Anna Karenina и ја отвори вратат во Холивуд, а кога пристигна таму Алисија го сними The Fifth Estate, биографскиот филм за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во кој глумеше покрај бенедикт Камбербач и Даниел Брул.



Минатата година освои БАФТА награда за улогата во Testament of Youth, оваа година покрај Ex Machina ја очекуваат премиерите на дури 5 филмови.

The Man from U.N.C.L.E., најновиот филм во режија на Гај Ричи, Tulip Fever, во кој ќе глуми покрај двојниот оскаровец Кристоф Валц, Adam Jones, покрај Бредли Купер и колегата од The Fifth Estate Даниел Брул, The Light Between Oceans, покрај нејзиното момче во приватниот живот, Мајкл Фасбендер и во биографската драма The Danish Girl покрај оскаровецот Еди Редмајн.



Но, додека ги очекуваме најновите проекти на Алисија, мало потсетување на дел од најдобрите филмови во досегашната кариера.



Филмската рецензија за Ex Machina може да ја очекувате во вторник на Иидвиди порталот.

Pure-2010

The Crown Jewels-2011

A Royal Affair-2012

Anna Karenina-2012

The Fifth Estate-2013

Testament of Youth-2014

Son of a Gun-2014

Ex Machina-2015



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...