Актерот Драган Николиќ се бори за живот

Познатиот српски актер Драган Николиќ се бори за живот, јавија српските медиуми.



Актерот, кој неодамна беше опериран, итно е пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот. Иако 71-годишниот Николиќ беше приклучен на апарати затоа што не можеше самостојно да дише, весникот „Ало“ објави дека лекарите успеале незначително да ја подобрат неговата здравствена состојба и актерот повеќе не е на апарати.

„Курир“ пак пишува дека конзилиумот на лекари одлучиле итно да го стават во соба за итензивна нега. Направена е ренген снимка на градите и од таму е извадена крв. Терапијата дополнително е зајакната, но и тој натаму се чуствува лошо, додава весникот.



Драган Николиќ, кој се прослави со улогите во сериите „Отпишани“ и „Враќање на отпишаните“ и во филмовите „Кој тоа таму пее“ и „Балкан Експрес“, веќе некое време боледува од тешка болест. Во октомври минатата година мина неколку денови на испитување во Првата хирушка клиника во Белград заради проблеми со дебелото црево и тогаш беше закажана операција.

Во февруари го оперира врвниот експер, проф. др. Зоран Кривокапиќ, на Клиниката за дигестивни болести при белградскиот Клинички центар, а по зафатот според пишувањето на српските медиуми, Николиќ се чувствувал добро.

Николиќ прва филмска улога ја добо во 1964 година во „Вистинска состојба на работите“, а првата голема улога ја одигра во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел“ и „Животот е убав“ од 1967 година. Познат е по улогата во ТВ серијата „Отпишани“, а многумина и денес се сеќаваат на неговата улога Прле.



Во брак е со актерката, Милена Дравиќ.

- Сите сме со тебе, бори се, му порача Сергеј Трифуновиќ на колегата на својот профил на Фејсбук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...