Жељко на нозе по Македонецот: Сакам да пеем како тебе!

Младиот македонски натпреварувач, Боби Мојсоски, кој воедно беше еден од повратниците во најпопуларното регионално музичко натпреварување X-Factor, синоќа за време на својот прв настап во живо сите ги остави без коментар.

Со изведување на нумерата на Горан Каран „Ostani“, Охриѓанецот Боби го воодушеви целото студио, а она што е целосна реткост во X-Factor е тоа што еден од најстрогите членови на жирито, Жељко Јоксимовиќ стана на нозе. Громогласниот аплауз само беше потврда за тоа колку совршено Боби ја испеа песната, а коментарот на најпознатиот српски композитор во моментов беше краток „Би сакал да пеам како тебе!“.



Тончи Хуљич остана без текст, додека Масимо исто така го пофали настапот на младиот Македонец и додаде „На рана да те стават“. Гордата менторка Александра Ковач беше пресреќна што Боби се врати во натпреварот и додаде „Мислам дека публиката дури сега ќе слушне што сè можеш. Браво!“.

Инаку, во неделното издание на X-Factor, кога имавме можност да слушнеме само половина од изведувачите бидејќи другиот дел го слушнавме синоќа, настапи нашиот Давид и успеа да си обезбеди место за следната недела.

Во двете епизоди посветени на Евровизија, натпреварувачите изведоа популарни песни од познатиот музички фестивал, а Давид ја избра песната со која пред две години Калиопи ја претстави Македонија, Црно и бело.



Тој доби пофалби од сите во жирито, а Масимо само му порача единствено да биде повнимателен при изборот на песните, како би дошла до израз специфичноста на неговиот глас, наместо да се прилагодува тој на песната.

Во двете вечери отпаднаа по двајца натпреварувачи, женската група Анџелине и Никола Марјановиќ. Следната недела ќе имаме две емисии во кои ќе се пеат љубовни песни.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби