ВРВНО СВЕТСКО ШОУ ВО СКОПЈЕ

Кој нема да не нарече Македонија ќе добие удар по тестисите!

Текст: Б.Б.

После сето она што дојде во Скопје и она што и беше понудено на Македонската публика во последниот период, а тоа беа најчесто некои „ѕвезди“ од нашиот северен сосед, едноставно бевме желна за светска група, ѕвезди кои се актуелни во моментов и чии песни ги слушаме постојано по планетарно познатите музички ТВ канали и социјални мрежи.

Неколкумесечното чекање и тоа како се исплатеше. Како доаѓаше 1-ви јуни така Македонија, особено главниот град се посилно пулсираше во ритамот на екстремно популарната музичка група на светот чии песни се неверојатно големи хитови, One Republic.

Уште еден час пред почетокот на концертот, арената „Борис Трајковски“ започна да се исполнува, а меѓу публиката можеше да се забележи дека има возрасен распон од 10 па се до 60 години. Иако на почетокот имаше коментари од типот „да не го утнавме ние бендот, да не станува збор за тинејџерската атракција One Direction, а не за One Republic“ поради помладата публика која полека влегуваше во салата, сепак како одминуваше времето така можеа да се забележат и постари градски фаци, возрасни парови, студенти, средношколци, па дури и пензионери. Тоа нормално е и за очекување кога станува збор за комерцијален бенд кој за две години ја сврте планетата во рамките на својата турнеја. Колку да бидете во тек, ќе ги споменеме и бројките: Рајан Тедер и момците за две години имале 88 концерти во Северна Америка, 66 во Европа, 6 во Океанија, 8 во Азија и 4 во Јужна Америка, што не носи до неверојатна бројка од 172 концерти за две години. Ова значи дека конечно на хејтерите и луѓето кои постојано незадоволно кукаат дека кај нас доаѓаат само „истрошени музички групи и ѕвезди“ на кои одамна им поминала популарноста, им се затвора устата. One Republic е музичка група која не само што се сензација која веќе со години заслужено и без црна дамка се задржува на врвот на светските топ листи, туку и е врвен доказ дека не сè што е комерцијално веднаш значи дека е и неквалитетно. Напротив, комерцијалата и тоа како знае да понуди квалитет, каков што и ниту самите не сме очекувале! Коментарите дека имало и деца во публиката треба да не радуваат бидејќи тоа значи дека младата публика знае што е добро и од мали нозе се учи на светски популарна музика и квалитет.

Кога сме кај очекувањата, синоќешниот концерт во преполната арена (читај над 9.000 луѓе) едноставно ги надмина сите очекувања. Ако досега мислевме дека светските ѕвезди се разгалени, дигнати, недостапни и дека доаѓаат на својот концерт колку само да се појават и да го исвират материјалот без нималку емоција, тогаш One Republic сево ова го сруши во вода. Имено, синоќа нивниот концерт започна само 5 минути по договореното време, што само ја покажа нивната професионалност на самиот почеток. Исто така, фронтменот и пејач, Рајан Тедер, за кој малку се знае дека е автор на едни од најголемите светски музички хитови и песни на Бијонсе, Адел, U2…, покажа неверојатен шарм па целиот концерт освен што одлично пееше, тој скокаше, се забавуваше, зборуваше со публиката, раскажуваше интересни случки од турнејата на него и момците, свиреше на неколку инструменти, земаше камери од камерманите и самиот снимаше и на крај дури и покани една девојка да се качи на сцената и да сними дел од настапот кој потоа беше објавен на нивната страница на Twitter.



За Скопје синоќа да го почувствува светскиот шарм беа одговорни шесторицата членови на бендот, кои исто така извонредно свират и по неколку инструменти, па целосно беа рамо до рамо со Рајан, па иако не скокаа по бината заедно со пејачот, покажаа неверојатни музички способности, преку кои публиката имаше можност да ужива буквално во секоја исвирена нота и отпеана строфа.

За време на концертот публиката имаше можност да ги чуе најголемите хитови на One Republic и песни кои со месеци не се симнуваат од светските топ листи како Counting Stars, I Lived, Apologize, Love Runs Out, All The Right Moves, Good Life, Secrets, Something I Need… За споменување е фактот дека One Republic отпеа и неколку cover верзии на туѓи песни како „Budapest“ на Џорџ Езра, „Stay With Me“ на Сам Смит или совршениот евергрин за крај „What A Wonderful World” на легендарниот Луис Армстронг, како е ултра популарната легендарна песна на The White Stripes, „Seven Nation Army“.



Врвот на вечерта беше кога расположениот Рајан го развиори македонското знаме и притоа ја праша публиката дали нашата земја се вика Маседониа, или Македонија, бидејќи дома во САД често неговите пријатели нашата земја ја нарекуваат со двете имиња. Кога од публиката го доби вистинскиот одговор им рече на членовите на бендот дека секој од нив ќе добие удар по тестисите ако нашата земја не ја наречат Македонија.

За почит е тоа што иако беше најавено од страна на организаторот Авалон Продукција дека концертот би требало да трае некои 90-на минути, сепак после бисот целосното времетраење на совршеното музичко воодушевување траеше некои 120 минути.



Со тоа што ни приреди One Republic на еден многу лесен и прекрасен начин покажаа дека станува збор за бенд кој слободно може со златни букви да се запише на листата рамо до рамо со The Coldplay, U2 и останатите легендарни музички групи.

За крај можеме да бидеме уште посреќни и позадоволни бидејќи Рајан Тедер вети скоро повторно доаѓање во Скопје. Останува на Авалон да испланира уште од сега повторно да ни ги донесе назад кај нас. Да се надеваме дека оваа бајка ќе продолжи па и во иднина ќе бидеме сведоци во живо на ваков светски спектакл, а не на некој балкански шунд...

До следното видување, поздрав!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби