Невидено шоу во Белград: Роби приреди журка и легна со девојка на сцена

Светската мега ѕвезда, Роби Вилијамс направи неверојатно шоу во Белград. На спектаклот присуствуваа околу 33.000 луѓе, а дождот воопшто не се ни почувствува. Атмосферата беше одлична, а многу обожаватели носеа маски со неговиот лик.



Пред да започне забавата на Роби, настапи Бојана Стаменов, овогодинешната претставничка на Евровизија за Србија, а по неа настапија и финалистите од X-Factor.

Потоа на сцена се појавија и момците од 2Cellos, од кои Роби бил воодушевен и токму затоа ги повикал да настапуваат на неговиот концерт. Тие изведоа неколку хитови од Мајкл Џексон, AC/DC, Nirvana, The Prodigy, U2, Rolling Stones, за на крај да го здрмаат Ушче со познатата „Mesečina“.



По 40 минути, излезе и Роби, кој успеа на публиката да и’ приреди нешто помалку од двочасовно невидено шоу. Пееше босоног, ја раскажа целата негова животна приказна, легна со обожавателка, пееше со татко му на сцена, клечеше пред цела Србија и направи selfie со публиката.

Сè започна со хитот „Let Me Entertain You“, како што е и името на турнејата. И со таа песна публиката веднаш полуди. Експресно следеше нешто што на сите им е познато, „Rock DJ“.



- Здраво, добро вечер, ја поздрави публиката на српски јазик и продолжи да се претставува на англиски.

Потоа следуваше легендарната „Come Undone“, а по неа  хитот на U2, „Still Haven’t Found“. Особено ги поздрави оние помладите од 30 години, духовито раскажувајќи дека како млад бил послаб, бил член на машки бенд, дека се дрогирал, па бил на рехабилитација, за после сето тоа, денес да стане милионер.



Откако го поздравија со грмоглосен аплауз, клекна на нозе пред целата публика за да се заблагодари, со што уште повеќе ја вжешти атмосферата. Токму затоа реши да направи selfie со фановите.

Интересен е моментот кога започна да посветува песни за неговите деца, па така ја испеа детската песна „Twinkle Twinkle“ за неговата ќерка, но и „Motherfucker“ за неговиот син. Веднаш потоа на сцена излезе неговиот татко, од кој го наследил талентот. Заедно ја исполнија песната „Better Man“.



Веднаш потоа се облече во здолниште и приреди неверојатен перформанс на „Queen“, „We Will Rock You„ и „I Love Rock’n’Roll“. Наеднаш се почувствува осамен, па побара друштво, се разбира женско. На сцената се искачи 22-годишната Ана, со која „легна“ во кутија, која импровизираше кревет. Ана сигурно ќе го памети „легнувањето“ во кревет со Роби, играњето заедно на сцената, но и бакнежот со него!



Потоа заедно со сител посетители, ги испеа песните „Feel“, „Millennium“, „Kids“, „She’s the One“, за на крај целиот спектакл да заврши со единствената „Angels“. Роби дефинитивно приреди совршен концерт, кој долго ќе се памети. Импресиите ги забележа и тој самиот и ги објави на Twitter.

Србија: Не знам што очекував, но ова сигурно не. Вечерва бевте неверојатни, едвај чекам да дојдам повторно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби