Боби најблиску до победа од сите финалисти, Амел победник

Заврши и втората сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, X-Factor Adria, чие суперфинале се одржа во Комбанк Арена во Белград. Нашиот претставник Боби Мојсовски за време на целото натпреварување избираше одлични песни, кои совршено му го истакнуваа гласот.



Момчето од Охрид, прв настапи на финалната вечер и тоа со песна од Тоше Проески, „Полско цвеќе“. И оваа песна беше сосема доволна целата Македонија, а и фановите од Балканот да гласаат и да му обезбедат сигурно место во вториот круг. Во тој дел, облечен целиот во бело, Боби цврсто и решително настапи со хитот „Show Must Go On“ и буквално растури на сцена!

За негово изненадување, повторно влезе во третиот и последен ревијален дел заедно со Амел Чуриќ, кои се натпреваруваа за главната награда од 20.000 евра. Повторно настапи со странска балада, а овој пат тоа беше „Bed Of Roses“, која одлично ја исполни и покрај тоа што беше болен од бронхитис. Боби беше најблизу до главната награда, покрај Амел, од сите други финалисти кои полека отпаѓаа. Сепак, насмевката на неговото лице кажуваше сè! Боби е мошне задоволен од целиот исход и од неговите настапи, а сигурно дека му следува и одлична кариера.



Пофалбите за Боби стигнуваа од сите страни, а особено не изненади објавата на официјалната Facebook страна на X-Factor Adria.

Што да кажеме освен дека Боби е второпласиран! Тој е повратник кој покажа што знае! Тој е гордост Македонска. Во суперфиналето пееше многу добро со бронхитис што... Немаме зборови! Скромен, мил, со впечатлива фризура... Феноменален си Боби, само напред! Горди сме на тебе!


Победникот Амел во првиот дел реши да ја испее песната „It’s My Life“ од Бон Џови, со која влезе во вториот дел, каде што испеа српска балада, односно „Sve je to od lošeg vina“.

И кога Амел и Боби беа сигурни дека ќе се натпреваруваат за победата, Амел настапи со песна од Bjelo dugme, односно „Ti odlaziš s njim“. И потоа сè беше јасно. Амел беше победникот, кој си замина дома со 20.000 евра.



- Ах, треба да кажам нешто. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа, бидејќи без вас ова немаше да се случи. Не можам да верувам дека победив на ова шоу. Морам да го пофалам и Боби, кој е одличен пејач и кој мора да нагласам дека моментално има бронхитис, но сепак успеа да стигне до тука, изјави Амел, а потоа го прегрна Боби и заедно ја пееја песната „It’s My Life“.



Финалето беше исполнето со безброј настапи. Настапуваа членовите на жирито, кои претставуваа нови песни, а најдолго чекан настап беше настапот на големиот Џејмс Артур, кој всушност се здоби со слава откако победи на Британскиот X-Factor. Тој ја испеа неговата песна „Recovery“, а потоа и неговата победничка, „Impossible“, која има рекордна слушаност од над 3 милиони.



Останатите натпреварувачи беа особено опуштени и мошне пријателски настроени. Немаше солзи, туку само бодрења и навивања за своите колеги. За тоа мора да ги пофалиме и нивните ментори, кои исто како и натпреварувачите го чувствуваа притисокот за време на соопштувањето на гласовите. Сега, останува на нив да си ја завршат својата работи и да почнат со градење на кариера на нивните ученици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби