Георгиев собра пари за спасување на животот на Бјелица

На 23 јуни се одржаа три последователни концерти кои ги организира Владо Георгиев, со цел да се соберат средства за да и се помогне во борбата на писателката Исидора Бјелица. Без оглед на тоа што Владо моментално имал бронхитис, пеел цели шест часа и успеал да собере 15.000 евра, точно колку што и е потребно на Исидора да плати за првата терапија во Швајцарија.

Покрај најблиската фамилија на Исидора, на концертот присуствувале луѓе кои сакале да и помогнат. Таа преку социјалните мрежи го следела концертот, а кога видела колку луѓе се појавиле за да и оддадат поддршка се расплакала и се заблагодарила.



- Воодушевена сум од атмосферата, пораките, фотографиите, клиповите. Благодарам Белград, Владо и на вас. Навистина за прв пат по долго време, плачам од среќа, изјавила Исидора за Alo.rs.

Имено, ова е втор пат Исидора да пати од рак, но овој пат со поддршката од сите се надева дека ќе го победи ракот еднаш засекогаш.

- Денес ми доаѓа Вила, едвај чекам детално да ми раскаже за концертот. Таа и Лав се воодушевени од Владо и од сите луѓе на концертите. Ова е долга борба, но морам да ја победам. Само да влезам во ремисија, па да започне второто полувреме.



На трите одржани концерти имало 1.800 луѓе, а картите за концертот чинеле 100 динари, па собрани се вкупно 1.800.000 динари, односно 15.000 евра.

- Ова е моја шанса, мој влез за живот и кога ќе се одбие данокот, можам да ја платам првата тура терапија, лекови и анализа.. По пет скенери ќе знаеме што понатаму. За жал, ова е долготрајна борба, но благодарение на Владо и на сите луѓе кои беа на концертите јас имам шанса. Ракот е најлоша спонзоруша, троши без да запре, изјавила Исидора и гледаме дека и покрај тешките болки успеа да го задри хуморот во себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби