BET Awards: Пи Диди падна - Ники Минаж заборави за што е наградена

Синоќа во Лос Анџелес се одржаа BET наградите, односно награди каде што припадниците на црната раса се наградуваат за она што го достигнале во шоу бизнисот. Вечерта беше исполнета со микс од смешни и сериозни моменти, како и потсетување на некои од најдобрите песни. Од чест на Џенет Џексон до паѓањето на Пи Диди, проследете ги најдобрите и најлошите моменти од овогодинешните награди:

Добри моменти

Џенет Џексон доби посебна награда, Music Dance Visual Award, за која беше мошне благодарна. Таа се појави облечена во бело и им се заблагодари на нејзините фанови, но и на нејзините родители Џои и Кетрин Џексон, кои се наоѓаа во првите редови во арената.



Ники Минаж се појави на доделувањето на наградите заедно со својата мајка, а исто така, при доделувањето на наградата за најдобар женски хип хоп артист, таа беше заедно со меа на сцената.



Bad Boy Records прославуваа 20 години од нивното постоење. За таа цел раперите Пи Диди, Лил Ким, Мејс, Фејт Иванс, Стајлс, 112 и The Lox’s Jadakiss настапија со некои од најголемите хитови од 90-тите години.



Лоши моменти

За време на настапувањето за 20-годишнината од Bad Boy Records, Пи Диди падна! Ова до сега му се нема случено на раперот, кој се сопна на рамна сцена. Сепак, брзо се исправи и продолжи.



Ријана изгледаше неверојатно облечена во сатенско сако, а во публика седеше до Флојд Мејведер. Наеднаш пејачката скина леплива трака и му ја залепи устата на Флојд. Се уште никој не знае зошто го направи ова.



Ники Минаж доби толку многу награди што заборави за што е наградена.

- За што беше оваа награда?, ја запраша публиката, а откога виде им се заблагодари. Малку нехумано, нели?

Листа на победници:

Ultimate Icon, Music Dance Visual Award: Џенет Џексон
Хуманитарна награда: Том Џојнер
Најдобар нов артист: Сем Смит
Најдобар женски хип-хоп артист: Ники Минаж
Најдобар машки хип-хоп артист: Кендрик Ламар
Најдобар женски R&B/Pop артис: Бијонсе
Најдобар машки R&B/Pop артист: Крис Браун
Најдобра меѓународна група во Британија: Stormzy
Најдобра меѓународна група во Африка: Stonebwoy
Најдобра група: Rae Sremmurd
Најдобра соработка: Common и Џон Леџенд, „Glory“
Најдобра актерка: Тараји П. Хенсон
Најдобар актер: Теренсе Ховард Млад уметник: Моне Дејвис
Најдобар филм: Selma
Најдобар госпел артист: Lecrae
Видео на годината: Бијонсе, „7/11“
Режисер на годината: Бијонсе, Ед Бурке и Тод Турсо
Спортистка на годината: Серена Вилијамс
Спортист на годината: Стивен Кари
Главна награда: The Weeknd, "Earned It“
Награда за животно дело: Смуки Робинсон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби