Бесплатно преземете го албумот на The Protagonist

"No Exit Museum", долго очекуваниот албум на бендот The Protagonist е достапен за бесплатно превземање преку официјалната веб страна на бендот.

Покрај музичкиот подарок, достапен е и дигиталниот буклет каде ќе ги најдете сите текстови од песните и комплетното инфо за целиот процес на создавање на „No Exit Museum“. Албумот е напишан, продуциран и миксан од „Протагонист“ и мастериран од Сајмон Хејворт во Лондон, продуцент кој работел со Ник Кејв, Мајк Олдфилд, Брајан Ино, „Депеш мод“, „Симпл мајндс“ и многу други.

Материјалот на No Exit Museum (Ноу Егзит Музеум) е еклектична целина, тематски поделена на два дела. Првиот дел се занимава со вселенски аспекти додека вториот е приземен и ги обработува социјалните моменти на нашата Планета. Лирично албумот е исполнет со суштина на темите кои поседуваат широк спектар на експресија. Музиката широка, специфична и комплетно оригинална. Звукот комбинира електроника и аналогна топлина, дополнета со разнобојни гитарски линии, која со продорниот, мелодичен и емотивен вокал комплетира едно уникатно дело, што ги надминува локалните и регионалните стандарди на квалитет.

-Ние најпрвин правиме музика која содржи универзални теми. Не користиме фолклор туку правиме нешто кое директно има врска со времето во кое живееме и иднината отсекогаш не возбудувала. Така пристапот ни е сосема специфичен. Сите се добредојдени и ние нема да ги убедуваме, оние што ќе потрошат неколку часа самите ќе се убедат вели Р.С.Раш

The Protagonist, eден од најпрогресивните македонски состави веќе е во студио и работи на нов албум, чии први песни треба да ги чуеме на есен.

 До тогаш, симнете го No Exit Museum и проверете зошто два сингла од албумот (Hyperreal и Atom From The Sun) се најдоа на ЕмТиВи Адриа топ 20 листата, а не останаа ни незабележани од хрватското издание на Ролинг Стоун, чија критика напиша: "во нивната работа се чувствува свежина и квалитет на искуство кое содржи страствена креативност".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби