Тејлор Свифт растури со 9 номинации за MTV видео музичките награди

И оваа година, како и минатата Тејлор има најголем број номинации на MTV Видео музичките награди. Имено, таа е номинирана во импресивни 9 категории, при што има најголеми шанси да си замине со најголем број награди.



Пејачката која го објави видеото за „Bad Blood“, ќе се натпреварува во категоријата за најдобро видео на годината заедно со Кендрик Ламар и неговиот спот „Alright“, Бруно Марс и Марк Ронсон со „Uptown Funk“, Бијонсе со видеото за песната „7/11“ и Ед Ширан со неговото романтично видео за „Thinking Out Loud“

.

Ед Ширан е номиниран во шест категории, додека Бијонсе, Ламар и Ронсон имаат по пет номинации.

Видеото за „Bad Blood“ на Тејлор се натпреварува и за наградите најдобра соработка, најдобра монтажа, најдобри визуелни ефекти, најдобра уметничка режија и кинографија. Освен ова видео, Тејлор се бори и со видеото за песната „Blank Space“ за најдобро женско видео и најдобро поп видео.



MTV ги номинираа и Дипло, Скрилекс, Ники Минаж и FKA twigs во три категории. Додека Аријана Гранде, The Weekend и Fetty Wap имаат по две номинации.

Обожавателите веќе може да почнат да гласаат. Мајли Сајрус потврди дека нема да настапува, но затоа пак, ќе биде домаќинка на шоуто, по што може да заклучиме дека на 30 август ќе се одржат мошне интересни музички награди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби