Брајан Адамс со песна најавува албумБрајан Адамс наскоро ќе го објави својот нов албум „Get Up!“, на кој работел заедно со долгогодишниот соработник Џим Валансе, а за истиот да го најави, објави нова песна „Don’t Even Try“.
Албумот официјално ќе биде пуштен во продажба на 30 октомври, а тоа е неговиот прв проект по албумот „11“ од 2008 година. Интересно е тоа што инструменталниот дел на речиси сите песни од новиот албум ги свири тој самиот.
- Тоа се вистински инструменти, нема компјутерски обработени делови, така да песните имаат навистина изворен звук иако користевме модерна технологија за да ги снимиме, изјавил Брајан.
|