Џезот поблиску до тебе: Подгответе се за Skopje Jazz Festival

Од 15-ти до 18-ти октомври ќе се одржи 34-тото издание на Skopje Jazz Festival. Овој традиционален фестивал се одржува секоја година во главниот град, на кој настапуваат светски познати имиња од џез музиката.



Овој пат, фестивалот нема да се одржува во универзалната сала, каде до сега се одржуваше, па настапите се распоредени во Македонската опера и балет и Сити хол центарот.



- Со овогодинешната програма ќе се обидеме да го зачуваме високиот и етички музички перформанс, со оглед на позитивните реакции на луѓето од Европа и светот. Исто така ќе се потрудиме да ги задоволиме вкусовите не само на организаторите, туку и на публиката, која во голем број го следи фестивалот долго време. Фестивалот е отворен за секоја добра музика со вокални и музички импровизации, најави директорот на фестивалот, Белопета.



Покрај беспрекорните музички имиња, како што се James Blood Ulmer, Melt Yourself Down и Gregory Porter, ќе настапат и многу џез изведувачи кои обожаваат да импровизираат со својата музика. Целата програма можете да ја погледнете на официјалната веб-страна на Skopje Jazz Festival.



Интересно е што, освен музичкиот дел, ќе има и изложба на џез фотографии на Петра Цвелбар, која ќе се отвори на 15 октомври во 18:30 часот во фоајето на МОБ. Изложбата е наречена „Sweet addiction“ и на истата ќе бидат претставени фотографии од џез изведувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби