Горан Бреговиќ открива: Кокаин, плагијат песни и концерт во стриптиз клуб

Музичарот Горан Бреговиќ си ја отвори душата и откри навистина сочни тајни за време на гостувањето во емисијата „Nedeljom u 2“ со водителот Александар Станковиќ.



- Освен Исус, ние останатите мора полека да сфатиме која ни е работата на овој свет. Но, дури на 4-та година факултет успеав да ја снимам првата плоча, а толку малку ми фалеше за да се откажам од музиката и да се предадам на марксизмот, почнал Бреговиќ.

Ја спореди музиката со сол, може да се живее без неа, ама сè ќе биде без вкус.

- Лоша музика е кога ќе почнат да ми се потат нозете, како кога некој зборува глупости. Тоа е работа на чувствата, бидејќи музиката не е воздух, ниту храна, ниту секс. Музиката е како сол, може и без неа, но сè ќе биде безвкусно.

Горан замислил и каков би бил светот кога би го снемало него и тоа го опиша мошне сликовито.

- Би ги замолил да ме запалат и да ме фрлат во море или пак да ме остават на некоја планина. Зошто да обврзам некои внучиња да ми го одржуваат гробот, а јас случајно умирам во Париз.. Но, односот кон смртта се менува со годините. Денес мислам дека оној кој знае да живее, ќе знае и да умре.



Водителот успеа да го распраша и за неговиот колега, кој веќе не се појавува на неговите концерти, Жељко Бебек, но Горан не сакаше воопшто да одговори на тоа прашање, па мудро си кажа дека не треба да се краде кога создавате музика. Со ова алудираше на информацијата дека поради плагијат песната на Французинот Енрико Мациас тој морал да плати милион евра.

- Тоа се измислувања, тие глупости не ни постојат. Никогаш не сум поминувал низ судски процес, а камо ли поради музиката, одговорил Бреговиќ и додал дека секоја музика што тој ја направил се создала благодарение на „удар“ со друга музика.

Откако почна искрено да си одговара, реши да ги сподели своите почетоци... Во стриптиз бар.

- Ја почнав кариерата така што свирев во стриптиз бар на 17 години. Има ли поголема среќа од тоа да си опкружен со голи жени во тие години? Потоа се решив да се откажам од предавањата, а пред војната веќе имав златни плочи во 10 земји. Бев среќен што не заглавив во Сараево во тоа време.



Кога рече дека секогаш внимавал да не ги фатат со дрога, водителот праша дали е точно дека Bijelo Dugme имале договор со Jugoton, да им доставуваат одредена доза на кокаин.

- Тоа беше во трошокот на студиото, точно. Имав рокови кои требаше да се испочитуваат, за две недели морав да напишам одредена количина на музика и тоа ми помагаше да останам буден. Но, завршив јас со дрогата, завршил Бреговиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби