Годините поминуваат, а Џенифер Лопез и понатаму успешно им пркоси.
Четириесет и шест годишната пејачка изведе динамичен настап за време на iHeartRadio Fiesta Latina концертот што викендов се одржа во Мајами, Флорида.
Малку здебелена, но полна со енергија Џеј Ло нишаше со колковите, се валкаше по подот и се појави во три различни облеки. Жешката мама танцуваше покрај својот тим на танчари, а изведе и два дуета со Wisen и Prince Royce.