Германија го повлече претставникот од песната за Евровизија

Кoнтроверзниот пејач Ксавиер Најдо нема да ја претставува Германија на следната песна на Евровизија закажана за мај идната година во Стокхолм.

Германската државна телевизија АРД која што минатата недела го избра Најдо за национален претставник ја повлече својата одлука откако на социјалните мрежи и во медиумите и политички кругови изборот беше жестоко критикуван како хомофобичен и антисемитистички чин.



Во својата изјава АРД сеуште тврдат дека Наидо е брилијантен пејач и дека неговата уметност не е расистичка ниту хомофобична, но и дека јавниот телевизиски сервис не може да ја игнорира јавноста.

„Јасно беше дека неговата номинација ќе ја поларизира јавноста но не очекувавме толку силен негативен одговор“, вели Томас Шрајбер претставник на АРД во изјавата објавена на веб сајтот на Евровизија.

Популарниот рок и блуз пејач чии што текстови се опишуваат како антисемитски и хомофобични сега ќе добие замена која што подобро ја одразува германската јавност. Најдо кој што е од мешано индиско, афрканско и германско потекло беше критикуван дека неговите текстови наведуваат дека хомосексуалците се педофили и содржат антисемитистички пораки.

Пејачот ги отфрла обвинувањата и вели дека со сето свое битие стои зад космополитска Германија и правото на достоинствена и мирна интеракција со останатите. Поддршка за него дојде и од дел од неговите колеги музичари кои што велат дека Најдо е уметник кој не презентира политички туку уметнички ставови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби