Евровизија 2016: Дали Калиопи е вистинскиот избор?

Калиопи Букле доби втора шанса да пее на Евровизија откако МРТ вчера објави дека ја избрал за наш претставник на Изборот на песна за Евровизија што годинава ќе се одржи во Стокхолм, Шведска.

- Сигурни сме дека соработката на МРТ, со добро познатата комбинација, на поп дивата Калиопи и композиторот Ромео Грил кој што и овој пат ќе биде автор на македонската евровизиска композиција, ќе резултира со модерен, атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер, велат од телевизијата.

Калиопи за прв пат нè преставуваше на Евровизија во 2012-тата година кога на големата евровизиска сцена се претстави со песната “Црно и бело” и се пласираше на 13-то место.

Дали овој пат ќе и тргне од рака да оствари позначителен пласман и што е поважно дали ќе ја има вистинската песна, останува допрва да видиме.

Во меѓувреме многумина се прашуваат дали втората шанса која и беше дадена на Калиопи во суштина требаше да ја добие некој друг пејач. Како Букле, така и Каролина Гочева два пати се најде на евровизиската сцена, но и покрај одличниот глас и богатата музичка карира не успеа да ја пронајде магичната формула што ќе нè доведе до врвот.

Кое е вашето мислење?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби