Таксират и официјално започна со ПИН музичка конференција

Како и секоја година, така и оваа на 27 и 28 ноември се одржува ПИН музичка конференција во МКЦ со цел да се актуализира и развие музиката од различни жанрови и кај нас. Токму овој викенд, односно последниот викенд од ноември ќе се отвори и официјалното 17-то издание на Таксират фестивал.

Годинава „ПИН“ конференцијата се одржува како дел од меѓународниот проект кој го предводи ЗКУ „Таксират“, насловен „West is the best”. Проектот е поддржан од  страна на „Вишеград Фонд“ (the International Visegrad Fund), а се реализира под водство на ЗКУ „Таксират“ од Македонија и во партнерство со AAA Production (EXIT; Србија), Dokufest (Косово), Pohoda festival (Словачка), Sziget Festival (Унгарија), Colour meeting (Чешка) и Ethno Port Poznan (Zamek Culture Center; Полска).



- Во Скопје навистина недостасуваат постручни пристапи и дружења. Убаво е да се дружиме заедно со луѓе кои сакаат добра музика. Пин конференцијата постои како придобивка за музичарите, да видат како се работи надвор, да се запознаат со големите музички агенции, менаџери, директори на музички фестивали и да искористат разни контакти, изјави Катерина Цветановска од Таксират.



По завршувањето на овој викенд, офф-програмата на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ продолжува со:

  • концертот на РУНДЕК КАРГО ТРИО на 30ти ноември во МКЦ, Скопје;
  • РЕТРО МАТИНЕ на 3ти декември во МКЦ, Скопје – забавата наменета за пензионерите кои во рамки на овој несекојдневен настан од 11:00 до 18:00 часот со богата програма ќе имаат ретка прилика заедно со ТАКСИРАТ да покажат дека музиката и забавата не познаваат граници и не прашуваат за возраста. Со разновидна програма, музички настапи, модна ревија и видео проекции РЕТРО МАТИНЕ е еден незаборавен ден и исклучетелно забавен настан со најискусните познавачи на скопските подимуи;
  • Македонската премиера на новиот хит на легендарниот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро, стендап шоуто ЃУРОЛОГИЈА на 3ти декември во Дом на АРМ;
  • Самостојниот концерт на светската атракција 2CELLOS на 4ти декември во Метрополис Арена;
  • Настанот во знак на одбележување на Светскиот ден на волонтери - Taksirat Volunteers Day на 4ти декември во МКЦ, кој вечерта носи специјалната музичка програма „20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ“ во знак на пролсавата на 20 години постоење на ПМГ КОЛЕКТИВ и 20 години од првиот настап на групата.

Финалето на ТАКСИРАТ 17 нѐ очекува на 7ми декември во Метрополис Арена, со одржувањето на главната вечер на фестивалот! Програмата за оваа вечер е комплетирана и на големата сцена во Метрополис Арена ќе имаме чест да ги пречекаме виртуозното хрватско дуо кое го освој светот 2CELLOS, великаните на музичката авангарда LAIBACH, шведската power/heavy метал атракција SABATON, жестоките каталонци LA PEGATINA, култниот хип хоп состав С.А.Ф. и Тони Китановски Little Big Band и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен MODESTEP за затворање на фестивалот.

Оваа вечер, македонската публика за прв пат ќе има прилика да ги чуе во живо Sabaton, La Pegatina и Modestep, актуелните групи кои ја освоија светската сцена токму со своите извонредни настапи. Култните Laibach доаѓаат претставувајќи го својот нов студиски албум „Spectre“ кој се појави по пауза од речиси 8 години и токму со концертот на ТАКСИРАТ ја започнуваат големата Sound of Music 2016 турнеја за овој албум. Македонските претставници пак, хип хоп легендата С.А.Ф. на ТАКСИРАТ доаѓа во полн состав и за прв пат ќе го изведе култниот албум „Сафизам“ во придружба на бенд, и тоа Little Big Band на реномирниот џез мајстор ТОНИ КИТАНОВСКИ.

Влезниците за концертот на 2CELLOS (на 4ти декември) и премиерата на ЃУРОЛОГИЈА (3ти декември) се веќе целосно распродадени, а за концертот на РУНДЕК КАРГО ТРИО се останати само уште многу мал број влезници. Побрзајте и за влезниците за главната вечер на ТАКСИРАТ бидејќи по распродажбата на промо-билетите, актуелната цена во претпродажба е 699 денари која ќе важи само до 1. декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби