Дејвид Боуви ја изгуби битката со ракот на 69 годишна возраст.
- Дејвид почина денес во мирна околина опкружен со неговата фамилија, откако 18 месеци се бореше со ракот. Знаеме дека многумина ќе сочувствувате, но ве замолуваме да ја почитувате приватноста на неговата фамилија, стои во известувањето на официјалните профили на Дејвид на социјалните мрежи.
За време на неговата 40-годишна кариера, влијателниот текстописец и продуцент се занимаваше со рок, соул, хард рок, денс поп, панк и електронска музика. Неодамна, поточно на денот на неговиот роденден, 8 јануари, тој го објави својот последен 25-ти албум, „Blackstar“.
Најголемиот подем на Дејвид се случи во 1972 година со The Rise and Fall of Ziggu Stardust and the Spiders From Mars, албумот кој го вивна високо. По три години се искачи на првото место со песната „Fame“. Останати хитови по кои ќе го паметиме овој легендарен пејач се: „Let’s Dance“, „Space Oddity“, „Heroes“, „Changes“, „Under Pressure“ и многу други.
RIP Bowie!