Coldplay и Бијонсе снимија видеозапис во Мумбај, а социјалните мрежи се преполни со негативни коментари. Ова за бендот е втора песна од нивниот актуелен албум „A head full of dreams“.
Токму пред викеднот, односно во петокот тие ја објавија песната „Hymn for the weekend“, која Крис Мартин ја отпеа со Бијонсе и за која е објавен видеозаписот снимен во Индија минатата година.
Спотот е преполн со танчерки, индиски обреди, асоциација на Боливуд. Бијонсе во спотот е боливудската глумица Рани, а Крис Мартин оди во кино да го гледа нејзиниот филм, што не им се допадна на Индијците кои мислат дека видеозаписот би можел да изгледа подобро.
Како „Милионер од гетото“, е еден од коментарите на Твитер, додека другите ги напаѓаат членовите од бендот дека можеле да бидат поинвентивни, - „не е Индија само Боливуд и децата од предградијата, голтачи на оган“, а на интернет може да се наде и следниот опис на спотот - „Coldplay отпатувале во Индија и нашле гладни деца и Сонам Капур (боливудската глумица која се појавува во спотот).