Во чие име Zabranjeno pušenje се наоѓа на плоштадот на Мусолини?

Сејо Сексон заедно со другите членови на групата Zabranjeno pušenje основаа тајно здружение – во новиот спот за песната „U Tvoje Ime“.



Новиот спот од албумот „Radovi na cesti“ е снимен на плоштадот на истарскиот град Раша, кој го изградил, а потоа и на него држеше говор, италијанскиот диктатор Мусолини. Се работи за четвртиот спот од најновиот албум.



Бендот и овој пат, на свој единствен начин прозборе за нашето секојдневие, поигрувајќи си со темните тајни здруженија, екстремизми и се поприсутната нетолеранција кон другите. Овој тренд, кој полека ја освојува планетата, прикажан е низ случајот на малиот селски угостител, кој смислил единствен план како да го исполни сонот на секој домашен приватник, а тоа е да стане голем бизнисмен, но и патриот.



Сценариото за спотот го напиша Сејо, а го режираше Марсела Занки, која своето искуство го изгради работејќи како продуцент, асистент на режија, а и како самостоен уредник на одредени проекти во продукциската куќа Urban Jungle, специјализирана за изработка на музички спотови на најголемите имиња на регионалната музичка сцена, како што се Џибони, Оливер, Бајага, Parni Valjak, Van Gogh и многу други. Добитник е на Gold и Platinum MTV наградите и награда од жирито на Сплитскиот фестивал.

Сејо се јавува и како автор на песната, заедно со Томислав Андриќ и Тони Ловиќ, продукцијата е дело на Сејо и Тони, а мастер на песната направи Џон Дејвис (Metropolis Mastering London).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби