Оваа недела се одржува најголемиот спортски натпревар во Америка, Super Bowl, кој ќе го отвори Лејди Гага со нејзиниот моќен глас, исполнувајќи ја химната на Америка.
via GIPHY
Заедно со неа ќе настапи и актерката Марли Матлин, која ќе ја исполнува химната, но со знаковен јазик. Ова е прв пат на овој натпревар, химната да се толкува и за глувонемите.
На полувремето на натпреварот, ќе настапуваат Coldplay и Бијонсе, кои освен најголемите хитови, ќе ја исполнат и нивната нова заедничка песна „Hymn For the Weekend“.