„Македонско девојче”: Сите ја пееме, малкумина знаат како настанала

Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче - Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.



Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски.



Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета - Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.



Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денеска слави 50 години.



Создадена за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов собра тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. Новата изведба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски, а музички продуцент Будимка Имери.(http://bit.ly/makedonskonevence)

Изведбата е на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, допринесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.

Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби