Даниел Кајмакоски со нова песна и спот: Samo za LjubavМоментално, Даниел Кајмакоски е популарен со учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“ каде што се натпреварува со познати личности од естрадата. Сепак, тој не ја запостави својата кариера, па токму по епизодата во која е прогласен за победник, реши да објави нова песна и спот.
Се работи за српска песна, „Samo za Ljubav“, при што музиката и текстот се дело на Александра Милутиновиќ, а аранжманот на Дарко Димитров. Сепак, песната ќе доживее и македонска верзија, со потпис на Огнен Неделковски. До тогаш, слушнете ја српската верзија:
|