Аријана Гранде кога на почеток почна да пее беше слатко, мало и невино девојче, која се трудеше да покаже некој заводнички поглед. Денес, веќе е секси девојка, која знае да си ги покаже своите облини, но и да направи да ја посакате.
Токму таква е во нејзиниот нов спот за песната „Dangerous Woman“, кој ќе се најде на нејзиниот истоимен најнов албум, кој ќе го објави на 20 мај. Според неа, оваа песна ќе биде огромен хит, бидејќи веднаш ја засакала.
- Понекогаш пишувањето може да одземе многу време, а снимањето само неколку секунди. „Dangerous woman“ беше таква песна, бидејќи ја обожавам, изјави Аријана.