Минатата недела Бијонсе објави нова спортска колекција, која беше мошне интересна и од која посакавме барем едно парче. Но, исто така следуваа и реакциите, зошто Биојонсе не објавува нов албум, туку се занимава со колекција за облека? Зарем ги заборави нејзините фанови?
И токму кога ни се вртеа тие мисли во глава, Бијонсе објави тизер, односно кратко видео. За што станува збор, никој не знае. Едно е сигурно: Што е тоа LEMONADE, ќе дознаеме во сабота на HBO каналот.