Coldplay го направи најдоброто видео во музичката индустрија Најновото видео на групата Coldplay за песната „Up&Up“ е нешто најдобро што можеше да се случи во музичката индустрија. Видеото изгледа како некоја магија, од која секој ќе посака да биде дело. Како режисери се потпишуваат Вања Хејмен и Гал Магиа, додека визуелните ефекти се само монтажа.
Песната е дел од албумот „A Head Full of Dreams“.Групата толку многу се потрудила за овој спот, токму поради тоа што ова можеби е и нивен последен албум, како што кажа фронтменот на групата Крис Мартин пред една недела.
- Би се изненадил ако има уште еден албум. Чувствувам дека сега сме на вистинското место. Чувствувам дека ова е последниот дел од нешто, изјавил Крис.
Сепак, тој не објасни целосно што сакаше да каже со оваа изјава, но напомена дека бендот не се растура.
|