Бритни Спирс ја затресе сцената во Лас Вегас

Малку солзи, малку валкан танц и забавата може да почне. Билборд музичките награди што се одржаа во Т-Mobile Арената во Лас Вегас оваа година ќе останат запаметени по камбекот на поп иконата Бритни Спирс, емотивната изведба на Селин Дион, а воедно и по не толку импресивниот настап на Мадона.

Адел и The Weekend се апсолутни победници на вечерта. Адел беше главна во 5 категории, но не беше во можност да дојде на доделувањето на наградите.

Сепак, остави свој печат на вечерта со промоцијата на видеото за новата песна „Send My Love (To Your New Lover)“.

The Weekend пак влезе во историјата така што замина дома со дури 8 награди.

Бритни Спирс

Пет минути од Бритни Спирс се доволни за да се вжешти атмосферата. Поп пејачката се врати во форма и заедно со своите танчари приреди провокативно шоу на сцената во Лас Вегас.

За миг нè потсети на старите добри времиња кога пленеше со егзотичното танцување и им беше идол на илјадници обожаватели ширум светот.

Спирс овој пат си замина дома со Millennium Award, најпрестижната награда на вечерта, а пред публиката се претстави со прилично тешка и секси кореографија.

Селин Дион

-Рене ова е за тебе. Шоуто мора да продолжи!

Канадската пејачка ја крена публиката на нозе со емотивната изведба на „The Show Must Go On” од Queen.

Четриесет и осум годишната Дион беше почестена со Icon Award, која и беше доделена од нејзиниот син Чарлс Ангели.

Мадона

Материјалната девојка, Мадона, му одаде почит на неодамна починатиот Принц облечена во виолетов костим и изведувајќи ја Nothing Compares 2 U. На сцената и се придружи Стиви Вондер со кого заедно ја изведоа и Purple Rain.

Сепак, обожавателите на Принц не беа нешто посебно воодушевени од нејзиниот настап, по завршувањето на истиот започнаа да се потсмеваат со неа на социјалните мрежи.

Ријана

РиРи заслужено ја доби наградата Billboard Chart Achievement Award и им се заблагодари на своите фанови што гласале за неа.

Пејачката се погрижи да го привлече вниманието на себе како со своето длабоко деколте така и со премиерната изведба на нејзиниот нов сингл „Love On The Brain“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби