Која е Германката која ќе се натпреварува на нашиот Макфест?

Јудит ван Хел ќе се натпреварува на годинешниот Макфест со песната „The unknown“, во првата полуфинална вечер, под реден број 13.



„The unknown“ е песна која во себе содржи порака дека треба да бидеме отворени за нови љубови и за тоа што ни го носи животот. Треба да ги урнеме зидовите околу нас, да се бориме против стравот и да го земаме тоа што ни го нуди животот. За мене е важно да престанам да размислувам за своите одлуки, туку само да го изберам патот или да ги пуштам нештата сами да се случуваат.“ – вели Јудит ван Хел.

Додаде дека едвај чека да пристигне во македонија. И таа поканата за настапот ја добила од Милица Фајгељ (Boomerang Artist Management), која се занимава со музички менаџмент веќе неколку години. Таа вели дека сите и зборуваат дека во Македонија е супер и дека луѓето се драги и дружељубиви.



Јудит ван Хел е впечатливо поинаква. Нежна, емотивна, продуховена – тоа се зборовите кои ја изразуваат нејзината личност и музика. А нејзината појава е тотално контрадикторна – има избричена глава, многу тетоважи и пирсинзи. Но на крајот, сите тие крајности се вклопуваат во единствена целина, во посебна убавина, во изведувач со единстевна енергија - Јудит ван Хел. Нејзината боја на гласот е препознатлива, срамежлива и пријатна.

Јудит во 2013 година се натпреварувала во телевизиското музичко шоу „The Voice of Germany“ и тоа учество и донело неповторливо искуство. Настапила и во дует со Британцеот Том Оделл со неговата песна „Another love“.

Наскоро се очекува да излезе нејзиниот нов албум, кој е преполн со меланхолија, но и со силен рок звук. Јудит е спој на Лана Дел Реј и Масив Атак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби