Во новиот, петти спот по ред од албумот „Rodovi na cesti“ на групата Zabranjeno Pušenje, за песната „Klasa optimist“, ѕвездите на Nadrealista и Audicije изведуваат акробации во кањонот на реката Неретва, трудејќи се да освојат млади спонзоруши, не сфаќајќи дека тие не слушаат рок туку народни песни.
Зенит Ѓозиќ, Харис Бурин, Сејо Саксон и прекрасните манекенки Мија Шего, Дајана Вреќо и Андреа Шарац (мис на БиХ за 2009г.) ќе ве насмеат до солзи во овој комичен, псевдо-акционен спот со тажен хепиенд.
Прекрасните снимки на Неретва, Мостар и Борачкото езеро ги направија познатите мајстори за фотографија од „Multimedijalnog studija Spektrom“, Никола Благојевиќ и Амер Богдановиќ, додека пак снимките од камерата на дронот ги направи Алдин Кадиќ.
Додатна ексклузивност на спотот е и веста дека во него за прв пат се појавува и новата членка на групата, Лана Шкргатиќ, па Zabranjeno Pušenje повторно ќе го има звукот на флејта и саксофон.
Спотот го режираа Јасмин Дураковиќ и Сејо Саксон, додека сценариото е по идеја на Витез Дарио, а го напишал Сејо. Костимограф беше Бела Жишко, а при снимањето на спотот помогна Туристичката заедница Херцеговско-неретвански кантон и Екосело Борачко ерезо.
Автори на песната „Klasa optimist“ се Бранко Трајков, Сејо Саксон, Томислав Андриќ и Тони Ловиќ, а како продуценти се потпишаа Сејо и Тони, додека како мастер стои Џон Дејвис (Metropolis Mastering London).
Извор на фото: klix.ba
Автор на фото: Даворин Секулиќ