Зајн Малик беше првиот член од One Direction кој објави соло албум и ја напушти групата, но изгледа дека и Хери Стајлс ќе тргне по неговите стапки. Пејачот потпиша договор со Columbia Records, дискографска куќа која работи со целата група.
Се уште не се познати условите за работа, но ниту датумот за објавување на соло албум.
Уште од јануари почнаа да кружат гласини дека Хери ќе ја напушта групата, но никој ништо не изјавил во јавност. Изгледа дека договорот е најдобар доказ за тоа.