Патрис Скот во Капан Ан!

Промотерската организација „Пјурсоул“, за оваа сабота (2 јули), го најавува американскиот DJ Патрис Скот и легендата на белградскиот електронски звук Душан Кацаревиќ, кои заедно со резидентниот DJ Томи Бојаџи ќе ја забауваат скопската и македонската публика.



Забавата ќе се одржи во култниот Капан Ан омилентото место на „Пјурсоул“ и на сите вљубеници во електрноската андерграунд сцена.

Патрис Скот потeкнува од американската „Мека“ на хаусот и техното - Детроит. Неговата биографија е импозантна а тоа се должи на двете децении минати зад грамофоните и миксетата. Култните „Sharevari“ се причината поради која Скот ги купува првите грамофони.

На неговиот вкус влијаат локалните, но светски легенди како Хуан Аткинс, Дерик Меј, Кевин Саундерсон, „Електифајин Moџo“ -Чарлс Џонсон, но и чикашкиот звук преку Чип И, Фарли “Jackmaster“ Фанк и Лари Херд. По години минати во настапи низ Детроит рамо до рамо со Џеф МИлс, Патрис Скот ќе се префрли и фокусира на продуцентството.

Тој ќе го основа лејблот „Sistrum Recordings“ чие првоиздание е во далечната 2006 година. Оттогаш Патрис Скот не престанува да ги развива своите вештини како DJ и продуцент и да го истенчува својот веќе прфинет вкус за техно и дип хаус музиката.

Неговата визија за лејблот „Sistrum“ е да се продолжи да обезбедува квалитетна музика, а неговото мото е „не плашете се да се биде различен!“

За Душан Кацаревиќ може многу да се каже. Тој ја почнува својата кариера уште во 1996 година и е еден од пионерите на електронската музика во Србија. Во 90 тите години од минатиот век настапува во многу познатиот андерграунд клуб „Омен“, а оттогаш има организирано околу 150 забави во Србија и околните земји. Има настапувано низ целиот свет рамо до рамо со најпознатите светски DJ- и како Арил Брика, Карл Крег, Роландо, Винс Вотсон, Нина Кравиц и многу други. Најпознат проект на Кацаревиќ секако е клубот „Wats“ во Белград односно „We Are The Shit“ .

Oрганизацијата „Пјурсоул“ зад која стои домашниот DJ Томи Бојаџи е виновнa за настапите на Мајк Хакаби, Orlando Воорн, Дејвид Алварадо, Јури Хулконен и Кунијуки Такахаши, сите врвни мајстори во својата професија, ценети и почитувани низ клубовите во светот. Затоа скопјани, но и сите љубители на квалитетниот електронски звук, повелете на уште една беспрекорна забава на „Пјурсоул“ која ќе се прераскажува низ скопската и македонска андерграунд сцена. Забавата почнува во 24 часот, на добро позната локација - Капан Ан. Влезот е 250 денари.

Зад пултот во овој уникатен амбиент ќе застане и српскиот DJ Душан Кацаревиќ, кој стои зад белградскиот клуб „Ватс“ а атмосверата ќе ја загрева домашниот DJ Томи Бојаџи, еден од најистакнатите претставници на електронската андерграунд сцена



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби