Хрватската пејачка Северина, ги здружи силите со раперката Sajsi MC и познатата српска актерка, Сека Саблиќ, во спотот за новата песна „Силикони“ што денес премиерно беше објавен на FB страната на Севе.
Пејачката овој пати ги поместува границите со провокативен текст и уште попровокативен спот. Видео записот е метафора на сето она што го прават жените за да би биле „совршени“.