Од денес може бесплатно да го посетите онлајн музејот на легендарниот Принц, кој се состои од веб страници кои ги отворил музичарот во текот на годините.
- Го пуштивме онлајн музејот со 12 популарни веб страници на Принц. Во 20 години онлајн присутност, тој отвори дури 20 различни страници, одржуваше бројни социјални мрежи, соработуваше во многу форуми и директно беше поврзан со фановите низ светот, објаснува Сем Џенингс, директор на онлајн музејот.
Веб страниците биле значајни за креативниот процес на музичарот, а со секоја ново отворена тој бил сè поблизу до своите фанови.
- Овој музеј е архива на таа работа и потсетник на сè она што го постигна како независен уметник, додава Сем.
Музејот го изработиле луѓе кои соработувале и работеле со Принц на овој проект, а направен е со љубов кон музичарот, а не поради заработка. Сем објасни дека членството во музејот нема да се наплаќа, а некои содржини може и бесплатно да се симнуваат.
Листа на официјални страници кои моментално се наоѓаат на онлајн музејот:
3rdEyeGirl.com (2013)
20PR1NC3.com (2013)
Lotusflow3r.com (2009)
3121.com (2007)
3121.com (2006)
NPGMusicClub.com (2004-2006)
NPGMusicClub.com (2003)
NPGMusicClub.com (2002)
NPGMusicClub.com (2001)
NPG Music Club v1 (2001)
NPGOnlineLtd.com (2000)
Love4OneAnother.com (1999)
1800NewFunk.com (1999)
CrystalBallCD.com (1997)
TheDawn.com (1996)
Prince Interactive (1994)
Принц почина на 21 април оваа година од предозирање, а пронајден е мртов во својот дом. Во својата кариера напиша над 1000 песни, продаде над 100 милиони плочи и освои Оскар за песната „Purple Rain“ во 1985 година.