Дали некогаш сте се запрашале дали музичарите ги избираат песните кои ќе ги пеат и дали истите им се допаѓаат?
Најверојатно не, затоа што нивните перформанси некогаш се толку добри што прават дури и песната да ја засакаме. Но всушност, има некои песни ни самите што не ги сакаат, но мора да ги пеат, бидејќи продуцентот така одлучил
OASIS: Wonderwall
Ако сте фан на оваа група, најверојатно оваа песна ви е една од нивните омилени. Но, ако го прашате Лиам Галагер, ќе ви каже дека не може да ја поднесе песната и му се повраќа од неа.
Lady Gaga: Telephone
Лејди Гага во соработка со Бијонсе ја направи оваа песна, за која снимаа и мошне долго видео. Песната едноставно не и е при срце на Гага и воопшто не сака да го гледа видеото, иако смета дека таа и Бијонсе изгледаат прекрасно. Имено, ова го изјавила на концерт пред милионска публика.
Мадона: Like A Virgin
- Не знам дали некогаш пак ќе можам да ја пеам „Like A Virgin“, освен ако некој не ми плати 30 милиони долари. Не сакам ниту да ја слушам, изјавила Мадона во една прилика.
И нас би ни било чудно да ја пее по нејзината песна „Holy Water“.
Radiohead: Creep
Оваа група цели седум години не ја свирела песната „Creep“, токму затоа што им здосадила. Но, оваа година ги изненадиле фановите кога на една свирка ја пееле. Изгледа им текнало да се потсетат што направиле добро во минатото.
Лорде: Royals
Песната со која се прослави Лорде, неа и оди на нерви.
- Ги слушав сите други верзии од песната и сите беа убави, освен онаа што јас ја пеев, бидејќи звучи ужасно. Некако како рингтон на Nokia, смета Лорде.