Денес е прекрасен ден за сите фанови на Бритни Спирс. Пејачката конечно го објави долго очекуваниот албум „Glory“, а на истиот ден излезе и караокето заедно со Џејмс Горден.
И двајцата беа облечени исто како во спотот на песната „Ups..I Did It Again“, а Џејмс дури носеше и перика со две плетенки.
Тој доминираше во пеењето, но и Бритни си имаше свои моменти. Зборуваа за мошне интересни теми, па погледнете и посмејте се. Можеби ќе слушнете уште некоја новина за големото враќање на Бритни.