Подгответе се за Скопје Џез Фестивал 2016-та

Уште само неколку дена нè делат до традиционалната октомвриска радост, Скопскиот џез фестивал! Годинашното, 35-то по ред издание ќе се одржи од 13. до 16. октомври во добро познатиот формат на главна и полноќна програма, на три локации во главниот град (Македонски народен театар, МКЦ и Сити хол центар).

И годинава, во духот на традицијата, Скопскиот џез фестивал ќе претстави низа реномирани уметници кои доаѓаат од САД, а ќе понуди и средби и свежи инспирации со претставниците на европскиот и латиноамериканскиот џез.

Фестивалот на 13 октомври во МНТ ќе го отвори еден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан З. Истата вечер ќе настапи светскиот виртуоз на гитарата, Џулијан Лаж со своето трио.

Втората фестивалска вечер е резервирана за бразилскиот гитарист и кантавтор Винисиус Кантуарија кој во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Vinicius Cantuaria canta Antonio Carlos Jobim“ посветен на големиот бразилски музичар. Истата вечер публиката ќе го чуе полското трио на пијанистот Марцин Василевски со гостинот саксофонист Јоаким Милдер. Третата фестивалска вечер (сабота, 15 септември, МНТ) ќе претстави два врвни авангардни џез состави - американскиот квартет Made to Break и моќното скандинавско трио The Thing.

Годинашното патување во светот на џез музиката ќе го заокружиме во недела, 16 октомври со концертите на американското трио Pulverize the Sound и на експлозивниот состав Supersonic предводен од францускиот саксофонист Тома де Пуркери. Полноќната програма на фестивалот на 14-ти октомври ќе ја отвори принцезата на соул музиката, светски популарната пејачка Џос Стоун. Саботниот полноќен концерт, пак, е резервиран за македонскиот состав Гоце Стевковски септет кој за оваа прилика ќе настапи со гостинот Џијан Емин.

Влезниците за фестивалот се достапни на продажните места на Југотон Рекордс, Македонски народен театар и онлајн на www.mktickets.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби