По долга пауза, конечно пристигна уште едно караоке на Џејмс Корден и тоа овој пат со Лејди Гага. Тие се возеа низ улиците на Лос Анџелес пеејќи ги добро познатите песни на Гага, но и дел од нејзините најнови песни од албумот Joanne.
Џејмс го најави ова караоке како „Најдобриот ден во животот“ на неговиот профил на Twitter.
Имено, албумот на Лејди Гага, која го објави на 21 октомври, во рекордно време се искачи на првата позиција на листите на iTunes, што е огромен успех за пејачката.