Анастасија Ражњатовиќ реши дека е време да започне да гради кариера и тоа одлучи да тргне по стапки на мама Цеца.
Ќе стане пејачка! Сигурно не сте изненадени за оваа одлука со оглед на тоа дека таа постојано објавува разни видеа во кои што пее песни и мора да кажеме дека има навистина добар глас.
🎙🙆🏻🎶
A video posted by 🔱 A N A S T A S I J A 🔱 (@raznatovicanastasija) on
Она што е уште поинтересно е дека нема да настапува со своето вистинско име и презиме, туку со уметничкото име Тасона, а во подготовка се и две песни.
- Сите дома го обожаваме и го слушаме новиот албум на Ана Николиќ и тоа е некој правец по кој би тргнала Таша, изјави Цеца за нејзината ќерка.