Она кога Жан Мишел Жар настапува во твојот град

Ден по големиот концерт на Жан Мишел Жар средуваме впечатоци за она што вчера вечер му се случи на Скопје.

А, му се случи многу...Да почнеме со тоа што Жан Мишел има 68 години, а неговата енергија е како на момче што допрва зачекорува на електро сцената.

Тој не живее на стара слава. Тој не се задоволува со просечност. Тој го подига нивото, што впрочем јасно се гледа од перфекцијата на неговиот звук.

Визуелните ефекти се приказна за себе. Тие само го надополнуваат она што Жар го работи со години.

Французинот е уметник par excellence и од него не може да се очекува помалку од „лудило“ перформанс. Годините поминати на сцена и истенченото чувство за ритам го потврдуваат неговиот култен статус.

Само што домашната публика изгледа немаше поим колку добар може да биде и како изгледа кога музичар од негов калибар ќе застане пред ласерски клавијатури и совршено ќе ги спои звукот и сликата со едноставно движење на раката. Еден збор е доволен...Нереално!

Дали сме импресионирани? И повеќе од тоа! Ретки се оние кои вчера завршиле на концерт, а денес не отвориле YouTube за да преслушаат дел од песните на Жар, чисто за да си ги средат впечатоците од сензационалното шоу.

Тука спаѓаат и оние ликови кои залутаа на концертот само затоа што слушнале дека „некој си Жан Мишел“ настапува во Скопје и дека главна фора е да бидеш дел од случувањето. Ако ништо друго, сега и тие се навлечени на него...

Н. Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби