Доаѓа тоа време од годината кога почнуваме сите да размислуваме за новогодишните и божиќните празници.
И додека нас преокупација ни е каде ќе ги поминеме истите, музичарите на големо се подготвуваат за нивниот новогодишен репертоар.
Редовна во тоа веќе две години по ред е Кајли Миног, која веќе подготви преработка на новогодишни песни. Овој пат ги одбра едни од најголемите хитови, од кои неколку ги исполнува со Џејмс Горден, Иги Поп, Мика и нејзината сестра Дани Миног.
Албумот Kylie Christmas: Snow Queen Edition може да го преслушате на Spotify.