НОЌ ШТО ДОЛГО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ

Јоксимовиќ приреди спектакл кој посакавме никогаш да не заврши

Синоќа, се најдовме во друштво на дотерани и отмени луѓе, желни за нешто ново, но сепак културно и познато. На многумина им се виде привлечен проектот на Жељко Јоксимовиќ, кој го најавуваше цел месец – „Dva sveta“ заедно со оркестарот Биг бенд.

Оркестарот се состоеше од 40-на луѓе, меѓу кои и три пратечки вокали, како и диригентот Владо, кој доаѓа токму од Скопје.



Светлата почнаа да трепкаат, но за тоа немаше потреба, токму затоа што сите веќе беа влезени во сала и нетрпеливо го чекаа концертот. По 15 минути доцнење (сосема заслужно мора да признаме), завесите се дигнаа и на сцена се појави оркестарот облечен во светликави сини и црни сакоа, три дами, пратечки вокали, во црни елегантни тоалети и единствениот Жељко! Облечен во костум, како скроен за него, се појави со неговиот шарм и на публиката доволно и беше за да занеми. Ги поздрави сите на македонски јазик и започна.



Го отвори концертот со песната „Dva sveta“, а продолжи со „Težak kao konj“, „Suada“, „Neko te ima nočas“… Од неговите песни ги исполни познатите стари хитови „Miljacka“, „Ono naše nekad što bejaše“, „Habanera“, „Mišel“, „Zaboravljaš“ и „Nije ljubav stvar“, ама на шпански јазик. Се чувствувавме како да сме во 80-тите кога се слушаше тој џез ритам, со разни инструмети кои го доловуваат целото чувство.

Секој почеток на песната нè оставаше замислени, бидејќи преработките ги слушавме прв пат и се прашувавме за која песна станува збор, но Жељко, само што ќе почнеше да пее, публиката веднаш му се придружуваше, за на крај сите да завршат со грмогласен алауз. Концертот траеше цели два часа, а Жељко бескрајно се заблагодари на сите.

Не е ни чудо што картите се продадоа за толку брзо време. Но, се уште имате време да си набавите, верувајте дека нема да зажалите.



Единствена маана на целиот концерт, беше што се одржува токму во сала за седење (без разлика што станува збор за МНТ). Иако е нешто поразлично од обичен концерт, оние кои беа во галеријата на втор кат се изнаиграа, бидејќи имаа простор, а оние кои беа долу пред бина, мораа да се задоволат со тупкање на нозе и ракоплескање. Овој концерт би било подобро да се прави во широка сала, каде што секој еден ќе има простор да игра, било со партнер или сам, како што тоа се прави со Виенскиот бал на пример. Простор има и за седење, но и за играње. На тој начин, на публиката ќе и се дозволи целосно уживање!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби