„I Don’t Want to Live Forever“ е насловот на новата песна на Тејлор Свифт и Зајн Малик, која ја подготвија заедно како саундтрак за познатиот „Fifty Shades Darker“.
Сите се посомневавме во тоа дека овие музичари ќе го исполнат саундтракот, кога Тејлор ја објави насловната фотографија од филмот, а Зајн објави заедничка фотографија со Тејлор и во описот го напишаа насловот на песната.
Песната е достапна само на iTunes.
За првиот дел на филмот „Fifty Shades of Grey“ таа чест му припадна на The Weekend, со песната „Earned It“ која му донесе огромна популарност. За да дознаете што ќе се случува во второто продолжение, погледнете го најновиот трејлер.